Македонската ракометна репрезентација го продолжува сонот на Европското првенство во Данска. Во мечот да се биде или не „црвено жолтите“ забележаа минимална победа над Австрија 22-21 (12-10) и обезбедија пласман во втората фаза.

Нападот, кој беше слаба точка на селекцијата во минатите два натпревари изигра перфектно, а за тоа говори фактот дека осум различни ракометари се запишаа во листата на стрелци.
Капитенот и душата на селекцијата, Кирил Лазаров со осум голови од кои два во последната минута беше најефикасен на натпрерварот воопшто.
Меч за паметење одигра Филип Миркуловски, кој го круниса со два погодоци, пивотменот Стоилов постигна четири, Ангеловски три, Георгиевски два и Манасков по два, а Пецаковски еден.
Австрискиот голман Мариновиќ имаше 20 успешни интервенции, Вилнзицки реализираше седум погодоци, Шлингер пет и Фелсер четири.
Во зависност од исходот од последниот меч од групата Данска – Чешка ќе се знае колку бодови Македонија ќе пренесе во втората фаза.
Мх.П.










