Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Евробаскетот откако загуби од Хрватска со 73-55 (18-15, 14-15, 10-22, 13-21) во третата рунда во Ц групата .
Избраниците на македонскиот селектор Марјан Србиноски добро и дрско им парираа на „коцкастите“ во првиот дел кој го добија со 32-30.
Во продолжението од мечот „црвено жолтите“ немаа одговор за агресивната одбрана на хрватите која долго време беше нерешлива енигма.
Во полза на хрватските одеше и добрата скок игра под обрачот во напад што дополнително ја отежна задачата на македонските кошаркари.
Предноста од третата четвртина домаќините бодрени од публиката на трибините ја зголемија на убедливи 73-55 на крајот од натпреварот.
Во среда со почеток во 18 часот Македонија против Грузија го игра клучниот натпревар во групата за пласман во втората фаза.
Мх.П.












