Со оглед како играше поразот од Исланд во целост беше заслужен пораз за Македонија. Мечот со Исланд ги исфрли на површина сите слабости со кои се соочувавме во текот на шампионатот. Тенката клупата, неодоговорноста во играта, како и селектор кој се чини не знае да ги повлече вистинските потези.

Селекторот Обрван го заборови на голот Ристовски кој не само што немаше свој ден на голот (11 одбрани 39%), туку беше безиеден и во нападот. Пецаковски кој на мечот Унгарија беше најдобар стрелец со 5 постигнати гола, доби само 10 минути, и беше жртвуван со натурализаираниот Немања Прибак кој во 29 минути не постигна ниту еден гол, имаше 4 асситенци, и заработи едно исклучување , премалку за некој кој требаше да го подигне нивото на игра на македонската селекција.

Еден Лазаров, па макар бил и најдобар стрелец на ЕП е премалку за победа и повторување на петтото место. Тој ретко кога ја добиваше потребната подршка од соиграчите, што резултираше со два порази во низа.

Секако дека самиот пласман на ЕП за земја како Македонија, само по себе е успех за поздравување. Далеку сме ние од некоја ракометна велесила, но да не се искористи шансата да се повтори успехот и да се подобри сликата за Македонија е тоа е навистина штета.

М.П.