Македонската ракометна репрезентација до 20 години ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство во Австрија декласирајќи ја селекцијата на Грција со 31-22.

На голот брилираше Филип Иваноски, кој имаше 13 успешни интервенции. Мартин Манасков и Филип Талевски со пет односно седум погодоци беа најефикасни во македонската селекција.
Со победа или бод против Исланд во последниот натпревар од квалификациите македонската репрезентација ќе обезбеди пласман на ЕП.
Мх.П.










