Македонската ракометна репрезентација во вториот контролен натпревар за престојното Европско првенство во Данска ја забележа првата победа совладувајќи ја селекцијата на Црна Гора со 31-27.


Селекторот на Македонија, Ивица Обрван на мечот кој се одигра во „Кале“ му даде шанса на сите ракометари. Очекувано „фалангата“ ја предводеше Кирил Лазаров со девет погодоци, Митков, Манасков, Димовски и Ојлески постигнаа по три додека Георгиевски и Миркуловски по два.

Следниот контролен натпревар Македонија го игра в недела против селекцијата на Србија, а „орлите“ против црногорците ќе ги одмерат в сабота.

Мх.П.