Македонската ракометна репрезентација вечерва во 19 часот и 30 минути против селекцијата на Словенија ќе ги започне натпреварите на Европското првенство во Хрватска.

„Црвено жолтите“ петтото учество на континенталните собири ќе го отвори со селекцијата на Словенија која нам ни е голем должник. „Змајчеките“ години наназад не победуваат на големите натпревари, а и овој пат се фаворити, бидејќи на ЕП влегуваат со бронзениот медал од Мундијалот.

– Словенија е сериозен ривал и така ќе му пристапиме на натпреварот. Не гледам причина да се предадеме и да влеземе со бело знаме во овој дуел. Одиме да се надигруваме и да извлечеме позитивен резултат. – изјави капитенот Кирил Лазаров.

Селекторот на Македонија синоќа го обелодени составот со кој ќе и се спротистави на Словенија. По малку изненадувачки на трибините првиот меч ќе го проследат Гоце Ојлески, Велко Маркоски и Златко Даскалоски.

Како вовед на балканското дерби во нашата Ц група силите во 17:15 часот ќе ги одмерат Германија – Црна Горан.

OhridNews