Македонската ракометна репрезентација од првата позиција со три бодови ќе ги започне натпреварите во главната фаза на Европското првенство кои ќе одиграат во Вараждин.
На „црвено жолтите“ им се поклопија коцките и резултатите од последните мечеви отидоа во нивни прилог. Данска победувајќи ја Шпанија (25-22) се изваде за киксот против Чешка, а Словенија ја преслуша Црна Гора во последниот меч од нашата Ц група.
Македонија ќе биде осамена на врвот со три бодови, а после неа со два бодови следуваат Шпанија, Данска, Чешка и Германија од нашата група. Словенија е последна со еден бод.
Избраниците на Раул Гонзалес мечевите во главната фаза ќе ги започнат со Шпанија на 21 јануари. На 23 јануари силите ќе ги одмерат со Чешка и ден подоцна со Данска.
Распоред:
1.коло: Словенија – Данска, Македонија – Шпанија, Германија – Чешка
2.коло: Германија – Данска, Чешка – Македонија, Шпанија – Словенија
3.коло: Македонија – Данска, Германија – Шпанија, Словенија – Чешка
Табела: Македонија 3, Шпанија 2, Германија 2, Данска 2, Чешка 2, Словенија 1.
OhridNews