Македонската ракометна репрезентација третото учество на Европските првенства ќе го заврши со мечот против Светскиот првак, Шпанија.

Македонија не го повтори успехот од пред две години на собирот во Србија кога го освои петтото место, но го продолжи континуитет на учеството од завршниците на големи ракометни збиднувања.

Македонските ракометари немаа сила да се носат со шпанската селекција која два пати не прегази во квалификациите токму за ова првенство.

Но, како што доликува на ракометари кои ги бранат боите на својата земја треба да изиграат за навивачите кои две недели стискаа палци за нив. Мечот се игра во 16:00 часот.

Мх.П.