На 18 јануари против селекцијата на Унгарија македонската ракометна репрезентација ќе ја започне втората фаза на Европското првенство во Данска.

Два дена подоцна односно на 20 јануари во втората рунда избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе се сретнат со стариот познаник Исланд додека на 22 јануари против Светскиот првак Шпанија, Македонија ќе ги заврши мечевите во ТОП фазата.

„Црвено жолтите“ во главната рунда од ЕП ќе стартува со два бодови, а со една победа против Унгарија или Исланд ќе обезбедат пласман од седмата до десеттата позиција.

За пласман на првите две позиции кои водат во најдобрите четири на стариот континент Македонија треба да забележи минумим две победи, а една против актуелниот светски владетел во ракометот Шпанија.

Мх.П.