Македонската ракометна репрезентација со една промена во составот ќе го одигра мечот со Данска кој е последен за нашата селекција во главната фаза од Европското првенство во Хрватска.
На дуелот со данците ќе дебитира крилото на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески, а од составот отпадна капитенот Кирил Лазаров. Десниот бек не одигра ниту минута синоќа со Чешка, но ги шутираше пеналите и успеа да постигне два голови.
Лазаров се повреди на мечот со шпанците на стартот од главната фаза и ги поремети нашите планови и резултати. Без него во составот изгубивме со 11 голови разлика од Шпанија, а од Чешка претрпевме минимален пораз.
Ојлески ќе има шанса за деби на ЕП, додека без настап ќе остани третиот голман Златко Даскалоски.
OhridNews