Македонската ракометна селекција денеска во вечерниот термин (20:30 часот) против репрезентацијата на Чешка ќе го одигра вториот меч од главната фаза на Европското првенство.
Во протоколот за мечот македонскиот селектор го вклучи Кирил Лазаров кој се повреди на стартот од дуелот со Шпанија во првото коло од главната фаза која се игра во Вараждин. Најцрните сценарија не се остварија и повредата на Лазаров на десната ложа не е сериозна, но не и наивна.
– Мора да се научиме да играме и без Лазаров, бидејќи и тој е само човек. Останатите играчи се чувствуваат добро, но во негово присуство сите се покомотни и посигурни. – рече селекторот на Македонија, Раул Гонзалес.
Само победа е опција за „црвено жолтите“ кои џокерот за кикс и лош натпревар го искористија на дуелот со Шпанија.
OhridNews