Македонската кошаркарска репрезентација во Литванија од истоимената селекција го претрпе првиот пораз (68-62) во подготвителниот период за Европското првенство.
По четири победи во серија избраниците на Марјан Србиноски наидоа на поквалитетен противник и покажаа дека можат да се носат со секого.
„Црвено жолтите“ имаа водство три четвртини, а во последната литванците со сите сили успеаја да направат пресврт и забележат победа пред своите гледачи.
Најефикасен во македонската селекција беше Војдан Стојаноски со 14 кошеви. Центарот Предраг Самарџиски уфрли 13 поени, а Костоски и Симоноски запишаа 11 односно 10 кошеви.
Македонија во Литванија ќе одигра уште натпревар против селекцијата на Турција.
Ohridnews











