Македонскиот селектор Марјан Србиноски ги одбра 12-те величествени кошаркари кои ќе ја преставуваат нашата селекција на Европското првенство кое ќе се одржи во четири земји од 5 до 20 септември.


Последниот рез на селекторот не го поминаа Марјан Јаневски и младиот кошаркар Андреј Магдевски кој треба во иднина да биде носител на играта на македонската селекција.

Селекцијата на Евробаскетот ќе ја предводи Владо Илиевски заедно со Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и браќата Војдан и Дамјан Стојаноски.

Македонија мечевите ги почнува во петок против јужниот сосед во 18 часот. Покрај грците во групата со Македонија се наоѓаат Хрватска, Словенија, Холандија и Грузија.

Составот :  Владо Илиевски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски. 

Мх.П.