Со натпреварот Македонија – Унгарија ќе се започнат мечевите од главната фаза на Европскиот шампионат во Данска. Македонија во мечот ќе влезе со 2 бода, наспроти Унгарија која во оваа фаза пренесе само 1 бод по ремито над Исланд.
По одличниот старт и триумфот над Чешка со десет гола разлика, австријците претрпеаа два порази во низа од Данска и Македонија. Можност за триумф ќе биде селекцијата на Исланд. Австријците од клупата ги предводи исланѓанецот Патекур Јоханенсон.
– Ретко кој очекуваше да обезедиме пласман во главната фаза, но ние успеавме. Нашата цел е постигната, ќе се обидеме на сите останати мечеви да стигнеме до уште некој бод – вели Јоханенсон.
Шлаг не ракометната вечер е пресметката меѓу европскиот првак Данска и светскиот Шпанија. Последната нивна пресметка беше финалето во кое Данците беа посрамотени од домаќинот Шпанија со 35-19. Данците сакаат реванш.
– Со нетрпение го чекам мечот против напаѓачката формација на Шпанија, тие се фантастичен тим, но со подршката од 14 илјади гледачи ќе биде интересно да ги поканиме на “игра“ светските прваци – вели данскиот репрезентативец Молгард.
На шпанската клупа по ланскиот триумф во Барселона дојде до смена. На неа седна Мануел Кадењас за кого ова ќе биде прво “жешко“ искуство.
– Пристигнавме во Хернинг со 4 бода што е оптимум. Мечот за мене ќе биде прво искуство на прекрасна ракометна атмосфера – вели Кадењас.
Двојки :
16.00 Македонија – Унгарија
18.15 Австрија – Исланд
20.30 Данска – Шпанија
Табела : Шпанија 4, Данска 4, Македонија 2, Исланд 1, Унгарија 1, Австрија 0 бода.













