Столбот во одбраната, Велко Маркоски повреден ќе настапи за Македонија на дуелот со Исланд во втората рунда од главната фаза на Европското првенство во Данска.

– Не се играат секој ден натпревари на Европско првенство затоа ќе стиснам заби и ќе бидам во составот за дуелот со Исланд – потенцираше Маркоски, кој е незаменлив дел во одбраната.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во 16:00 часот и е прв од втората рунда во првата група.
Мх.П.










