Втората фаза по групи на ЕП ќе го отворат селекциите на Чешка и Грција. Чесите неочекувано беа прегазени од Русија со 4-1 додека Грција испушти прилика да го совлада домаќинот на ЕП, Полска и ремизираше 1-1.

Грција кон освојувањето на титулата на ЕП 2004 година ја елиминираше Чешка во 1/2 финалето со “сребрениот“ гол на Трајанос Делас во продолженијата.

Чесите за пласман во понатамошната фаза неопходни им се трите бода на денешниот меч со Грција.

– Ќе пробаме да го заборавиме мечот со Русија, и да ги поправиме грешките кои ги направивме. Имаме квалитетна селекција, која мислам дека ќе го издржи притисокот и ќе озвојуваме победа која ќе не остави во игра – истакна селекторот на Чешка, Михал Билек.

Мх.П.