Селекторот на репрезентацијата на Шведска Стефан Олсон го откажа последниот тренинг во пресрет на првиот меч од групата против Црна Гора. Наместо тренинг, тие ќе гледаат видео материјали и тактички ќе го проучуваат противникот.
– Доволно долго се подготвуваме за овој шампионат. Сега малце ќе работно ќе одмориме– потенцираше организаторот на играта Лукас Карлсон.
Главниот град на Данска, Копенхаген деновиве е обоен во “жолто-сино“, по силната инвазија на шведските фанови во престолнината. Нивните очекувања се големи, иако од триумфот во 2002 година не успеаа повторно да се закитат со медал.
Во таборот на Црна Гора мечот го очекуваат смирено. Селекторот Зоран Кастратовиќ е оптисмит пред денешната пресметка .
– По триумфот против Шведска во плеј офот за СП2013 година, и победата над Германија во квалификациите за ЕП 2014, мислам дека имаме голем потенцијал. Во Данска ќе го повториме тоа и ќе им покажаме на сите дека тоа не бил само моментален блесок –истакна Кастратовиќ.
Мечот Црна Гора – Данска се игра во 20.15 минути. На останатиот натпревар во оваа група играат Хрватска – Белорусија.
Ohridnews











