Неуморниот борец во македонска ракометна репрезенрација, Филип Миркуловски заработи повреда на глуждот на дуелот со Словенија кој „црвено жолтите“ го добија со минимални (25-24). Популарниот „Жути“ речиси целиот натпревар го одигра со потечен зглоб кој наверојатно ќе биде саниран за мечот со Црна Гора кој е утре на програмата. 

– Имам оток, но се надевам дека до утре ќе биде саниран и ќе можам да и помогнам на селекцијата да стигне до позитивен резултат на мечот со Црна Гора. Уште од вториот напад чувствував болка, но немав избор мораше да играм. – изјави Миркуловски.

Македонија со евентуална победа над Црна Гора ќе осигура една од двете позиции на табелата во Ц групата, додека црногорците шансата за пласман понатаму пред почетокот на ЕП ја гледаа во нашата селекција, но дали се` уште така ќе видиме утре со почеток во 20 часот и 30 минути.

OhridNews