Еден од најдобрите поединци во македонската селекција на Европското првенство Филип Миркуловски е задоволен од пласманот и прикажаната игра на континенталниот собир во Данска.

– Кога ќе сумираме се треба да бидиме задоволни од пласманот и од прикажаната игра на еврошампионатот во Данска. Повредите кои не затекнаа пред почетокот на првенството си го направија своето, а и во втората фаза среќата не беше баш на наша страна – рече Миркуловски.

Со осум погодоци бекот на Металург беше најефикасен играч во македонскиот табор во поразод Шпанија 33-22.

– Лошиот старт на вториот дел не чинеше ваков пораз бидејќи во првите триесет минути се носевме рамноправно со Светскиот првак. Потоа „фуријата“ рутински го спроведе мечот до самиот крај и заслужено обезбеди пласман меѓу најдобрите четири на стариот континент – заврши Миркуловски.

Мх.П.