Фудбалерите на Германија влегуваат како големи фаворити пред вчерашното второ четвртфиналето од Европското првенство, во кое ќе се сретнат со репрезентативниците на Грција. Натпреварот се игра во Гдањск со почеток од 20:45 минути. Германија е единствената селекција која досега има максимален учинок на првенството, додека Грција успеа да избори место меѓу најдобрите осум селекции, со победата над Русија.

Германскиот селектор Јоаким Лев ја прифаќа фаворитската улогата, но не смета дека неговата репрезентација лесно ќе го мине најпријатното изненадување на турнирот.

Ние сме фаворити и можеме да се носиме со тоа. Истотака знаме дека нокаут натпреварите се посебни. Кога ќе започне мечот, улогата на фаворит е веќе не важи. Репрезентацијата на Грција не се предава во што можевме да се увериме на натпреварот против Русија“, рече Лев.

Грција на вечерашниот натпревар ќе настапи ослабена, поради суспензијата на капитенот Јоргос Карагунис.

Штета што ќе играме без Јоргос, бидејќи тој е срцето на тимот. Но, не се предаваме, Ќе мораме да ги збиеме редовите и да сториме се за да дојдеме до победа“, изјави напаѓачот Теофанис Гекас, споредувајќи го вечерашниот натпревар како судир на Давид и Голијат.

Извор :“Макфакс“
Ohridnews