Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одбра најдобрите одбрани, голови и играчи кои ја одбележаа втората рунда односно главната фаза на Европското првенство во Полска.


Во идеалнит тим од главната фаза се наоѓаат голманот Волф (Германија), крила Ривера (Шпанија) и Рајхман (Германија), бекови Хансен (Данска), Сагосен (Норвешка), Јакобсен (Шведска) и пивотмен Агинагалде (Шпанија).

 
За најдобар гол во главната фаза е „одбојкарскиот цепелин“ на Гигу и Никола Карабатиќ, а најдобра одбрана имаше голманот на Полска, Шмал.

OhridNews