Репрезентацијата на Македонија со пораз ги започна мечевите од главната фаза во Вараждин, откако изгуби од селекцијата на Шпанија со 20-31 (6-15).
„Црвено жолтите“ го одиграа најслабиот натпревар на ЕП и практично им ја поклонија победата и бодовите на шпанците. И покрај поразот шансата за пласман во 1/2 финалето за Македонија се уште постои, но без право на грешка во следните два мечеви со Чешка и Данска.
Избраниците на Жорди Рибера со агресивната игра пред голот на Перез де Варгас ги принудија на избрзани шутеви и технички грешки нашите репрезентавци. Шпанците немилосрдно казнуваа и после 10 минути игра стигнаа до 5-1.
Негативата во тој момент падна во втор план после повредата на Кирил Лазаров. Нашиот капитен се пожали на болки на задната ложа од десната нога и воопшто потоа не влезе во игра, а теренот на полувремето го напушти со поткривнување со мраз на болното место.
„Црвената фурија“ максимално го искористи неговото отсустви и пред се` лошата колективна игра на нашата селекција и стигна до големо водство (15-6) на полувремето.
Македонскиот селектор Раул Гонзалес со оглед на големата негатива „крена рачна“ и на теренот ги испрати младите момчиња кои добиваа помалку шанса во текот на минатите мечеви.
Шпанците исто така ротираа, но ја задржаа предноста и забележаа повеќе од заслужена победа која им го донесе четвртиот бод и одлични шанси за пласман во полуфиналето.
Македонија вториот меч во главната фаза во Вараждин ќе го одигра против Чешка, додека Шпанија силите ќе ги одмери со Германија.
OhridNews