Најчитаниот интернет портал во регионов Ohridnews и препознатливиот бренд во срцето од охридската чаршија кафе барот Шила во соработка ќе организираат заедничко следење на натпреварите на Македонија од престојното Европско првенство во кошарка.


Во текот на мечевите од македонската кошаркарска репрезентација на Евробаскетот ќе има одредени попусти, а за најдобрите и најкреативните навивачи ќе има изненадувања.

Кошаркарското „лудило“ во кафе барот Шила започнува в петок (5 септември) против Грција во 18 часот, следниот ден (6 септември) во 15 часот „црвено црните“ силите ќе ги одмерат со Холандија.


Во третата рунда на 8 септември во вечерниот термин (21ч) Македонија ќе и се спротистави на домаќинот Хрватска, а на 9-ти во 18 часот на грузиската селекција.

Последниот петти натпревар во групите „фалангата“ ќе одигра против Словенија на 10 септември во 15 часот.

Се гледаме во „црвено жолто“ и во кафе бар Шила секако.

Ohridnews