Селекторот на Шпанија, Винсент Дел Боске го знае рецептот за пехари од големи натпреварувања. Со него на кормилото Шпанија се закити со златен медал од Светското првенство во Јужна Африка. Поранешниот тренер на Реал Мадрид на фудбалерите им забранил да ги посетуваа социјалните мрежи “Твитер“ и “Фејсбук“ во траење на ЕП.


На исти потег се одлучи и данскиот селектор Мортен Олсен додека Рој Хоџсон ги замолил англичаните да внимаваат што пишуваат на нивните социјални мрежи.

Репрезентацијата на Шпанија одбраната на трофејот ќе го започне со Италија на 10 јуни.

Мх.П.