Македонската ракометна репрезентација претпре (не)очекуван пораз од бранителот на титулата и домаќин Данска со 29-21. Малкумина беа тие кои што веруваа во чудо, дека Лазаров и другарите ќе успеат да ја детронизираат Данска, на првиот меч пред 14 илјадна публика.
Но место, а и време за плачење нема. Мечот со Данска покажа дека огромен недостаток во играта е повредата на Наум Мојсоски.Неговите алтернативи не го постигнаа посакуваниот ефект. Јоноски, Стојчески, Пецаковски па и Ангеловски се обидуваа , но барем против расположените Данци не успеаа да се наметнат како замена за ракометарот на Металург.
Пред нас е мечот со Чешка. По многу нешта одлучувачки за пласман во понатамошната фаза. По неочекувано високот пораз на Чешка од селекцијата на Австрија (30-20), за двете селекции мечот е да се биде или не. Пораз од Македонија ќе значи крај на Еврото за еден од најдобрите ракометари во светот Јиха.
Но пораз на Македонија ќе ги сведе шансите за пласман во рамките на научна фантастика. Тогаш Македонија (по претпоставка Данска да победи во сите мечеви) ќе мора да ја победи Австрија со повеќе од десет гола разлика. Нешто што по евентуални (не дај боже) два порази е тешко за верување.
“Црвено-жолтите“ имаат еден ден на располагање да се одморат но и да го заборават поразот од домаќинот. На мечот во вторник , чесите во својот грб ќе ја немаат френитчната публика, како што беше случај со Данците, па ракометарите ќе може по релаксирано да го дадат најдоброто од себе за да останат уште една седмица дел од европскиот ракометен крем.
Обрван низ подготвителните мечеви, а богами и на премиерата ги согледа недостатоците во играта на “фалангата“. Искрено се надевам дека неговиот план за пласман во понатамошната фаза не се базираше на триумф над Данска, туку на победи против Чешка и Австрија.
Победа над Чешка, ја отвара вратата кон главната фаза, а потоа во третиот меч против Австрија ќе одлучуваме колку бода ќе пренесеме во главната фаза. Но за тоа потоа.
М.П.















