Селекцијата на Норвешка е првиот финалист на Европското првенство во Србија. Норвежанките во полуфиналето ја збришаа Унгарија со 30-19.


Репрезентацијата на Унгарија рамноправен противник беше до 20-та минута од првиот дел кога имаа и предност од +2 (9-7). Тогаш се разбуди норвешката машинерија која со серија од 4-0 го сврте резултатот во своја полза.

Во вториот дел од напреварот актуелниот првак Норвешка од минута во минута го зголемуваше водството за да на крајот забележат убедлива победа од +11 погодоци (30-19).

Најпрецизна во норвешкиот состав со шест погодоци беше Ања Един додека исто со шест голови мечот го заврши и репрезентатицката на Унгарија, Анита Горбиќ.

Противникот селекцијата на Норвешка во финалето ќе го добие по соседската пресметка во полуфиналето помеѓу Србија – Црна Гора.

Мх.П.