Селекцијата на Норвешка обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство победувајќи ја сензационално Франција со 29-24 (12-11).


„Триколорите“ добро го отворија мечот, но норвежаните после тоа не покажаа ниту грам респект за апсолутниот ракометен владетел во светот.

До полувремето „црвено белите“ го свртија резултатот (12-11), а во вториот дел буквално ја прегазија со 29-24.


Сепак, Франција има се уште шанси за пласман во 1/2 финалето, но мора Хрватска да ја победи Полска со повеќе од четири голови разлика.

Исто како и Норвешка, Германија со триумфот над Данска (25-23) во директниот дуел обезбеди пласман меѓу четири најдобри селекции.

И Данска за пласман во 1/2 финалето ќе го чека исходот од мечот меѓу Шпанија и Русија.

OhridNews