Норвешка – Хрватска односно Шпанија – Словенија се полуфиналните двојки на Европското првенство во ракомет.

Натпреварите од последната рунда во двете групи во Глваната фаза имаа супер интересна разврска. Шпанија и Хрватска ремизираа 22-22, но шпанците поради подобрата гол разлика останаа на првата позиција во првата група. Во втората група, Унгарија изгуби од Португалија и средбата помеѓу Норвешка – Словенија одлучуваше за првото место. Норвежаните одиграа максимално и не дозволија расипување на максималниот ефект победувајќи ја Словенија со 33-30.

За петтата позиција на ЕП ќе разигруваат Германија – Португалија. Полуфиналните натпревари на прогрмата се в петок, додека финалето е закажано за в недела.

OhridNews