Репрезентацијата на Македонија победувајќи ја Црна Гора со минимални 29-28 осигура пласман во главната фаза и ја продолжи ракометна бајка на Европското првенство во Хрватска.

Четата на „Ел Команданте“ со истиот рецепт од Словенија ја „кутна“ и Црна Гора за која мечот со Македонија беше од исклучителна важност после поразот од Германија.

– На почетокот на функциониравме како што треба, но во продолжение работите драстично се поправија и се си дојде на свое место. Имаме четири бода и морам да кажам дека јас сум задоволен од постигнатиот резултат за сега. Им честитам на играчите кои вистински гинат на теренот за националниот дрес. – изјави Раул Гонзалес.

Иницијална каписла на пресвртот кој донесе победа беше Филип Кузманоски кој постигна пет голови и заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот.

– Првото полувреме го одигравме во грч како против Словенија. На полувремето се договоривме да одиграме поагресивно во одбраната и да не брзаме во нападот. Во текот на мечот често бев советуван од Ристовски и останатите поискусни ракометари кои ги послушав и мило мие што придонесов за победа. – рече Кузманоски. 

„Црвено жолтите“ сигурно ќе пренесат два бодови во главната фаза, а другото зависи од исходот од дуелот со Германија кој ќе одлучува за првата позиција во Ц групата.

ЕП: Црна Гора падна со пресврт, Македонија на врвот од групата ! 

OhridNews