Селекторот на Македонија, Ивица Обрван за хрватскиот сајт „Indeh.hr“ ги коментираше случувањата во репрезентацијата кои јавно ги обелодени Бранислав Ангеловски.

– Ангеловски воопшто и не требаше да допатува во Данска, но околностите наложија дополнително да го повикам. Ако нешто го мачеше, тој требаше прво да поразговара со мене, а никако не смееше да постапи на начинот на кој постапи – порача Обрван.
Хрватскиот стратег е задоволен од пласманот во вториот круг од ЕП со оглед на малерите кои ја зафатија репрезентацијата пред почетокот.
– Во Данска дојдовме страшно ослабени и самото поминување на првата фаза е огромен успех. Според тоа како дојдовме на првенството, се повеќе од тоа би било научна фантастика – заврши Обрван.
Македонската репрезентација со мечот против Шпанија (16:00 часот) ќе се прости од третото учество на Европските првенства.
Мх.П.










