Пиренејското дерби на стадионот во Доњецк вечерва (20:45ч) ќе го даде првиот патник во финалето од 14-то Европското првенство.

Репрезентацијата на Шпанија е актуелен првак, но селекција која може да им ги замрси сметките на шпанците за одбрана на трофејот секако е Португалија. “Селесао“ предводена од Кристијано Роналдо во досегашниот тек на ЕП покажа дека може да се носи со притисокот.

Одговорност чувствувам, притисок не. Не се припремаме за Шпанија посебно него како за сите други. Знаеме дека треба да одиграме многу добро ако сакаме да осигураме финале. Спремни сме да одговориме на предизвикот – рече Кристијано Роналдо.

Шпанија на престојното ЕП не плени со својата игра, но носи резултати. Стратегот на “црната фурија“ не помислува да ја смени тактиката во пресрет на мечот со “европските бразилци“ и дуелот со Роналдо.

– Тактиката која ни донесе Европски и Светски трофеј не ја менувам. Секако дека треба да го затвориме Кристијано Роналдо, но само поради еден фудбалер да менуваме тактиката, нема шанси – потенцираше Дел Боске.

Петорката судии на првиот полуфинален дуел доаѓаат од Турција, на чело со Сунејт Чакир.

Мх.П.