Осум желби, четири карти за европскиот собир во Полска и Украина. Вечерва на програмата е првата епизода од бараж средбите кои ќе ги одредат четирите патниците на ЕП во 2012 година.

Второпласираните репрезентации во квалификациите првите натпревари ги играат на домашен терен. Балканот ќе “гори“, БиХ ги пречекува звездите од Португалија а Турција ќе се судри со стариот познаник Хрватска. Изненадувањето од квалификациите Црна Гора гостува кај Чешка додека Република Ирска патува во Естонија.

Двојки:
20:00ч БиХ – Португалија
20:05ч Турција – Хрватска
20:15ч Чешка – Црна Гора
20:45ч Естонија – Р. Ирска

Мх.П.