Селекцијата на Шпанија обезбеди пласман во финалето на Евробаскетот откако во полуфиналниот дуел ја совлада Франција 80-75 по дополнителните пет минути.
„Црвената фурија“ на крилата од Пау Гасол кој реализираше половина од вкупниот број на поени го разреши шампионот на Европа од последното континентално натпреварување во Словенија.
Во последните пет минути „триколорите“ кои беа бодрени од 25 000 грла влегоа со предност од осум поени, но мирниот Гасол полека ја топеше позитивата и ја одведе Шпанија до напад за победа кој не го реализираа.
Продолжението не промени многу работи на теренот, Гасол одново беше предводник на шпанците додека французите немаа одговор и салата во Лил ја напуштија со наведните глави.
Противник на „фуријата“ ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Србија и Литванија.
Мх.П.












