Репрезентациите на Србија, Летонија и Литванија од Б групата во која играше и Македонија изборија пласман во следната фаза од натпреварите на Европското првенство во кошарка што се игра во Словенија.

Летонија во првиот натпревар денеска во групата ја совлада Македонија со 76:66. Во вториот БиХ славеше над Литванија со 78:72, но недоволно за пласман натаму. Пировa победа забележа и Црна Гора која вечерва ја совлада Србија со 83:76.

Србија ќе пренесе 4 бода, Литванија 2, додека Летонија во осминафиналната група ќе стартува без бодови.

OhridNews