Актуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е најдобриот стрелец во историјата на европските првенства. Легендата на францускиот фудбал, во 1984 година со девет постигнати голови ја предводеше својата репрезентација до европската титула.


Платини на споменатото првенство се запиша меѓу стрелците на сите пет натпревари: во групата постигна еден гол против Данска, а по три со Белгија и Југославија. Во полуфиналето ја затресе мрежата на Португалија, а во финалето постигна гол против Шпанија.


Второто место на вечната листа го држи напаѓачот на Англија, Алан Ширер со седум погодоци, додека на третото место е Холанѓанецот Патрик Клајверт со шест погодоци.

Мх.П.