Репрезентацијата на Литванија ја забележа втората победа во Е осминафиналната група. Литванците убедливо ја совладаа Белгија со 86:67. Во вториот натпревар од групата Украина го совлада фаворитот Србија со 82:75, а во последната средба Франција со 102:91 беше поуспешна од Летонија.

На програмата денеска се три средби од Ф групата во кои се среќаваат: Хрватска – Италија, Шпанија – Финска и Словенија – Грција.

OhridNews