Македонската ватерполо репрезентација со пораз ја заврши првата фаза на ЕП во Загреб. Подобар во последниот натпревар во групата беше репрезентацијата на Унгарија со 7-4 (2-0, 2-4, 0-0, 3-0).


По одиграните пет натпревари, “црвено – жолтите“ забележаа една победа и четири порази со што се сместија на петтата позција во групата.

Следниот натпревар на ЕП, избраниците на Нонковиќ ќе го одигра во вторник, во групата, во која ќе се разигрува за пласман противник на „црвено-жолтите“ ќе биде Турција.

Ohridnews