Кристијано Роналдо и компанија за останување во игра за 1/4 финалето мораат да ја совладаат Данска која пак импресионираше во првото коло победувајќи ја фаворизираната Холандија со минимални 1-0.
– Последен пат кога се сретнавме со Данска им требаше победа за да го осигураат првото место во групата, и тоа го направија. Но сега на Европското првенство е сосема друга приказна. Данска има голема предност пред нас, тие триумфираа на првиот натпревар додека ние на вториот меч ќе ја бркаме победата на ЕП – истакна селекторот на Португалија, Паоло Бенто.
Првиот меч од второто коло во Групата Б помеѓу Данска – Португалија се игра во 18 часот.