Првиот дел од четвртфиналниот дуел португалците го поминаа на половината на чесите. Шансите пред голот на Чех се редеа, два пати се закани Роналдо, но стативата беше сојузник на чешката селекцијата.
Сликата на теренот не се промени во вторите 45 минути. Чесите беа предодредени да се бранат, а Португаија преку Роналдо имаше нова шанса. Слободниот удар изведен од десната страна заврши во стативата.
Да помине четвртфиналниот натпревар во знакот на Роналдо, офанзивецот се погрижи во 79-та минута кога со глава по нафрлувањето на Жоао Мутињо конечно го совлада одличниот Чех на голот.
Противник на Португалија во 1/2 финалето ќе биде победникот од четвртфиналниот дуел помеѓу Шпанија – Франција.