Покрај поразот од Унгарија 31-25 македонската ракометна репрезентација може да ги загуби и Велко Маркоски и Гоце Ојлески.

– Дополнителните снимки ќе покажат какви се повредите на Маркоски и Ојлески. Во моментов не можам да прецизирам колку ќе паузираат и дали ќе треба да отсуствуваат од терените – рече селекторот Ивица Обрван.
Вториот дуел од главната фаза на ЕП македонската селецкија го игра в понеделник со Исланд во 16:00 часот.
Мх.П.










