Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди сатниците по кои македонската ракометна репрезентација ќе ги игра мечевите од главната фаза во Вараждин.

Дуелот со Шпанија од првата рунда во главната фаза Македонија го игра в недела со почеток во 20 часот и 30 минути.

Два дена подоцна во вторник (23 јануари) во истиот термин (20:30ч) играме со Чешка, додека натпреварите во главната фаза ги завршуваме во среда (24 јануари) против Данска во (18:15ч).

„Црвено жолтите“ од првата позиција со три бодови ќе ги започнат натпреварите и со најголеми шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска.

ЕП: Македонија од првото место во главната фаза атакува на пласман во ТОП 4

OhridNews