По комплетрирањето на мечевите во А и Б групите познати се првите четвртфинални двојки на Европскиот шампионат во Полска и Украина.

Во првото четвртфинале во четврток 21 јуни во главниот град на Полска, Варшава, Чешка ќе ја пречека Португалија со Кристијано Роналдо.

Во второто четвртфинале во петок 22 јуни на стадионот во Гдањск, Германија ќе игра против Грција. Против Грција ќе биде сосема друг меч. Но и тие играат слично како и данците. Опасни се во контранападите и играат силно во одбранта – се првите впечатоци на германскиот селектор Јоаким Лев.