Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски ги посети македонските репрезентативеци кои на Европското првенство во Данска ќе ги бранат боите на нашата земја.

Груевски на последниот тренинг пред заминување на репрезентативците во Данска беше со директорот на Агенцијата за спорт и млади, Александар Пујовски и првиот човек на Ракометната федерација, Живко Мукаетов.

Премиерот им посака среќа и успех на ракометарите на континенталниот собир во Данска, а за возврат тој доби дрес со неговото презиме на грбот.

Македонија натпреварите на Европското првенство ги почнува в недела против домаќинот Данска.

Мх.П.