Селекцијата на Исланд со 29-27 (14-11) ја совлада репрезентацијата на Македонија и го нанесе вториот пораз во главната фаза од Европското првенство во Данска. Продолжи постот во меѓусебните дуели со “рибарите“ против кои немаме победа цели пет години. По втората рунда од ТОП фазата Македонија остана на двата бодови кои ги пренесе од првите натпревари во групи.
Избраниците на селекторот Ивица Обрван добро го започнаа мечот, ја имаа контролата врз играта и резултатот, но не успеаа да го задржат темпото кое го наметнаа.
„Рибарите“ се консолидираа и со серија од 4-0 па 7-1 до крајот на првиот дел го свртија резултатот во своја полза.
На стартот од вториот дел „црвено жолтите“ ја повторија играта од првиот и по десет минути игра го изедначија резултатот.
Во играта гол за гол диктираше селекцијата на Исланд, која во последните десет минути влезе со два гола предност.
Македонија неколку пати намали на еден разлика, но никако неможеше да ја достигне негативата и на крајот претрпе пораз од 29-27 втор во ТОП фаза од ЕП во Данска.
Во третиот меч од главната фаза и последен за Македонија на ЕП во Данска репрезентативците ќе се сретнат со Светскиот првак Шпанија.
Мх.П.











