По многу возбудувања и пресврти дуелот од втората рунда меѓу Македонија и Чешка заврши без победник 24-24 (10-11). За „црвено жолтите“ ова е прв бод во А групата на ЕП во Данска.

Ремито на македонската репрезентација со чешката селекција ги остави во живот шансите за пласман во втората фаза од континенталниот собир во Данска.

Во последната минута од мечот двете селекции имаа шанса за погодок, што ќе значеше победа. Но, прво Миркуловски не реализираше за нас, а ударот по истекот на времето на Јиха заврши покрај голот на Ристовски.

Натпревар за паметење одигра капитенот Лазаров, кој постигна 12 погодоци шест од пенал. Јунак кај чесите беше голманот Штокл со 18 интервенции, а тандемот Јиха – Хорак заедно постигнаа 14 погодоци.

Во третата рунда од Групата А сите карти се отворени, а на Македонија секако и одговара победа против Австрија.

Мх.П.