Македонската ракометна репрезентација го освои првото место во Ц групата, откако во дерби средбата со Европскиот првак, Германија ремизираше 25-25 (11-12). „Црвено жолтите“ во главната фаза ќе пренесат три бодови без разлика која од селекциите Словенија или Црна Гора ќе обезбедат пласман понатаму. 

На стартот од мечот македонските репрезентативци имаа континуирано водство кое во два наврати достигна три погодоци (5-2 и 6-3). Германците прво ја намалија предноста на Македонија на два голови (7-5), а со серија 5-0 целосно да ја анулираат негативата и да го преземат водството (10-7). Најголемата негатива во првиот дел не ги поколеба нашите ракометари кои со два погодоци во финишот стигнаа до -1 (12-11).

Вторите триесет минути „црвено жолтите“ ги започнаа со серија 3-1 и преземање на водството (14-13). Добрата игра во напад и пред се` во одбрана продолжи и Македонија дојде до три голови (19-16).  На најголемата негатива ракометарите на Германија одговорија со (4-1) и егал (20-20) на истекот од 49-та минута од натпреварот.

Последните десет минути поминаа изедначено гол за гол, но со постојано водство на германците. На почетокот од завршната 60-та минута Македонија го одбрани нападот, а Стоилов не го искористи ударот за победа. На спротивната страна

Борко Ристовски брилираше на голот со 12 одбрани, а голгетерски се истакнаа Фили Талески со шест голови и Кирил Лазаров и Дејан Манасков кои реализираа по пет голови. Кај германците најпрецизен беше Вајнхолд со осум погодоци.

Фото: Гол.мк
OhridNews