Селекциите на Велс и Швајцарија освоија по бод, ремизирајќи 1-1 (0-0) на Олимпискиот стадион во Баку, во рамките од првата рунда во Групата А на Европското првенство.

Дуелот од Групата А го одбележа тврда игра, со многу тактика и мисли повеќе на сопствениот, отколку на противничкиот гол. Во првиот дел немаше некои поизгледни прилики за погодок, додека во второто полувреме селекциите заиграа нешто поофанзивно.

Прв мрежата ја погоди швајцарскиот состав. Брил Емболо реализираше со глава во 49-та минута. Велс долго време бараше начин да погоди и да го изедначи резултатот. Обидите вродија со плод во 74-та минута кога Кифер Мур ја затресе мрежаа на швајцарците за егал 1-1. Во самиот финиш од мечот Швајцарија постигна погодок за 2-1, но после прегледување во ВАР собата тој беше поништен поради офсајд позиција.

После комплетирањето на првата рунда во Групата А, Италија е лидер со три бодови, Велс и Швајцарија имаат по бод, а Турција е последнопласирана без бодови.

OhridNews