Репрезентациите на Русија и Франција ќе играат во второто полуфинале на евробаскетот што се игра во Литванија.
Франција до место меѓу најдобрите четири стигна откако со 65-56 ја совлада Грција, додека Русија со 74-66 ја победи Србија.
Натпреварот за влез во финалето се игра во 20 часот.
Во меч за пласман од петто до седмо место Литванија ја победи Словенија со 80-77.