Русија не дозволи никакво изненадување и со убедливи  79-60 ја совлада Финска во вториот натпревар од Ф групата во Вилнус.


Четворица руски кошаркари мечот го завршија со двоцифрен број на поени, а ги предводеше Андреј Кириленко со 14 поени. МВП на мечот беше прогласен Кријапа (7 п, 5 ск, и 11 асс).

Во последниот натпревар групата Грција ја совлада Словенија со 69-60.

Табела : Македонија 6, Русија 6, Грција 5, Словенија 4,  Финска 3, Грузија 3.

М.П.