Селекцијата на Италија не го издржа психолошкиот притисок на пријателскиот натпревар со Русија. “Азурите“ кои секогаш важат за фаворити од сенка претрпеа пораз од 3-0.

Прашината која се крена на Апенените поради обвинението за местење натпревари видно се почувствува кај италијаните кои беа прегазени од “зборнајата“. До почетокот на континеталниот собир остануваат уште шест дена а Прандели има полни раце работа.

Во останатите тест дуели, Австрија забележа триумф над Украина 3-2 додека Чешка претрпе пораз од Унгарија 2-1.

Мх.П.